Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено на натпреварот од 9. коло од шпанското фудбалско првенство.

Реал синоќа го доби Виљареал со 2:0, но го загуби Карвахал до крајот на сезоната.

Сериозна повреда на вкрстените лигаменти. Јас сум пред операција и веќе со нетрпение очекувам да започнам со закрепнувањето и да се вратам како „ѕвер“. Ви благодарам на сите за вашите пораки со поддршка, се чувствувам многу сакан, напиша Карвахал на социјалните мрежи.

Триесет и двегодишниот Шпанец се судри со противнички играч за време на судиското надополнување и заврши на тревата. Теренот го напушти на носилки.

OhridNews