Контраверзниот Антонио Касано по одиграните неколку натпревари во дресот на Милан, попладнево ја имаше официјалната презентација пред италијанските медиуми. Лошото момче во италијанскиот фудбал истакна дека Милан е неговата последна фудбалска станица.


– Прилично сум сигурен дека ова е мојот последен клуб. Пристигнав на врвот. Над Милан нема ништо друго освен небото.100% сум сигурен дека нема да ги предадам овие луѓе. Играњето за овој тим ми го прави животот полесен. Сакам да се заблагодарам на Премиерот Берлускони и Адриано Галијани бидејќи во мементи на големи тешкотии тие се фокусираа на мене. Имам направено многу грешки но не жалам. Сега е време да се променам. Сакам да победувам и да ги правам работите правилно.


Касано истакна дека не размислувал многу откако разбрал дека е во фокусот на интерсот на Милан, и дека доколку овде згреши, тогаш треба да заврши во ментална болница. Популарниот “Фантантонио“ во дресот Милан одигра два натпревари и имаше три асистенции.

Ohridnews