Бразилските репрезентативци Касемиро односно Тијаго Силва нема да ја менуваат средината и ќе продолжат да ги бранат боите на Реал Мадрид односно Пари Сент Жермен.

Касемиро кој ужива голема доверба кај тренерот Зинедин Зидан наскоро ќе го потпише новиот договор со кој најверојатно ќе остане уште три сезони на „Сантијаго Бернабеу“. Фудбалерот за врска во Мадрид пристигна во 2013 година од бразилскиот клуб Сао Паоло.

Тијаго Силва, пак, и следната сезона ќе биде лидер на францускиот дрим тим. Бразилецот кој има 35 години ќе добие нов едногодишен договор. Дефанзивецот треба да се согласи за намалување на платата. Тијаго Силва е еден од најискусните фудбалери во составот на Париз и затоа од клубот посакуваат да го задржат се со цел за ред и мир во екипата.

Сезоната во Шпанија ќе продолжи додека фудбалските возбудувања во Франција за оваа сезона завршија.

OhridNews