Голманот и капитенот на “кралевите“ Икер Касилас, беше немоќен при изведувањата на пеналите. Одбрани два, колку и неговиот колега, Нојер, на кој му се брои и големата утка на Серхио Рамос. Но екипата на Реал, вината  не треба да ја бара во голманот, туку во фудбалерите кои ги промашија пеналите во серијата.


Морам да им се заблогадарам на нашата публика, без неа немаше да стигнеме до 1/2 финалето. Направивме грешка кога на 2-0, решивме да се браниме, но тоа е фудбалот. Во пенал серијата знаевме што не очекува, тука нема планирање се` е среќа. Тешко ќе се опоравиме од елиминацијата, а на Баерн Минхем му посакувам многу среќа во финалето пред своите гледачи – потенцираше Икер Касилас после мечот.


Втора година по ред за Реал Мадрид 1/2 финалната пречка е непреминлива. Во ланската пресметка подобра од дуелот со “кралевите“ излезе Барселона, која подоцна го освои пехарот. Дали “баварците“ ќе ја имаат таа среќа, ќе бидиме сведоци на 19 мај.

Мх.П.