Репрезентативниот голман на Шпанија, Икер Касиљас, на пријателскиот натпревар кој неговата селекција го одигра со Јужна Кореја, влезе во аналите на светскиот фудбал.


Касиљас на овој меч стана светски рекордер според бројот на победите во дресот на националниот тим, откако ја забележа 95-та победа во кариерата.

Репрезентацијата на актуелниот и светскиот првак ја совлада Јужна Кореја со 4:1. Торес, Алонсо, Санти и Негредо погодија за шпанците, додека почесниот гол за јужнокорејците беше дело на  Ким.