Капитенот на Реал Мадрид, Икер Касиљас на својот официјален “фејсбук“ профил упати поддршка за тренерот на Барселона, Тито Виланова, кој боледува од рак на паротидната жлезда.

Во пораката стои : “Тито, можеш да поминеш низ ова, ние ти праќаме сила. Ние кој сме во фудбалот и надвор од него. Неможеше да одбереш подобар тим околу себе.Нема шанси да го загубиш овој натпревар“

Додека тренерот на Барселона, Виланова е на боледување на клупата од “блауграната“ ќе го замени помошникот Жорди Роура.

Мх.П.