Голманoт на Реал и шпанската репрезентација Икер Касиљас трета година по ред е избран за најдобар голман на светот во изборот на ИФФХС.


Во изборот гласале стручњаци од 86 земји, а Касиљас убедливо победи со 304 бода. Позади него завршија Жулио Цезар од Интер (124 бода), Петр Чех од Челси (56) и Мануел Нојер од Шалке (53 бода).

Потоа следуваат Мартин Стекеленбург (Ајакс) со 48 бода, Виктор Валдез (Барселона) 38 бода, Фернандо Муслера (Лацио) 37 бода, Едвин Ван дер Сар (Манчестер Јунајтед) со 32 бода, Џанлуиџи Буфон (Јувентус) со 28 бода и Тим Хауард (Евертон) со 15 бодови.

Ohridnews