Долгогодишниот капитен на „кралевите“ Икер Касилјас и Бразилецот, Кака најавија дека сакаат да го напуштат Реал Мадрид. 

Рикардо Кака, кој дојде како големо засилувањ од редовите на Милан не покажа ни мал дел од своите фудбалски квалитети, а Касилјас е во отворена војна со управата, новиот тренер Карло Анчелоти и се поизвесно е дека ќе заврши со негов трансфер.

Милан се засили со Матри.

По обезбедувањето нова епизода во Лигата на Шампиони, седумкратниот освојувач на трофејот се засили со Алесандро Матри.

Италијанецот беше потиснат од конкуренцијата во Јувентус и мораше среќата да си ја побара во нов клуб. За неговите услуги беа заинтересирани повеќе клубови, но тој се одлучи за Милан.

Мх.П.