Капитенот и легендата на Реал Мадрид, Икер Касилјас и кај новиот тренер Карло Анчелоти се најде во немилост и повеќе време минува на клупата него на теренот.
Голгогата на Касилјас започна минатата сезона кога јавно влезе во војна со тогашниот тренер Жозе Мурињо и повредата која ја заработи на раката. Тогаш во редовите на „кралевите“ беше доведен Диего Лопез, кој целосно го зазеде местото од Касилјас на голот.
Во неколку наврати шпанскиот репрезентативец порача дека не му смета тоа што е на клупата, но од почетокот од сезоната незадоволството е видливо кај Касилјас.
Од сето тоа може да ќари Милан, кој би го зел Касилјас уште зимава како позајмен играч шест месеци, а потоа со можност за откуп на целиот договор.
Мх.П.