Голманот Икер Касилјас и дефанзивецот Серхио Рамос заедно со уште 15 фудбалери бараат Жозе Мурињо да го напушит клубот по завршување на сезоната.


Португалецот веќе подолго време не ги држи в рака конците од екипата, а поразот 4-1 од Борусија Дортмунд го зголеми револтот меѓу фудбалерите.

Ако “кралскиот клуб“ биде елиминиран во 1/2 финалето до Лигата на Шампиони, ќе остане во игра за само еден трофеј оној во “Копа дел реј“ против Атлетико.

Навивачите сеуште го сакаат Мурињо, но кога и тие ќе му свртат грб ќе биде навистина готово.

Мх.П.