Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо отвара случај „Касилјас“ на „Стеморд Бриџ“. Во немилост кај Португалецот се шпанскиот репрезентативец Хуан Мата и Бразилецот, Давид Луиз.

Мата, кој минатата сезона беше најдобар фудбалер на „сините“ оваа има настапено на два натпревари и тоа на двата Челси загубил Евертон 1-0 односно Базел 2-1.

Давид Луиз сам си го стопираше трансферот во Барселона и рече дека сака да остане во Челси, а Мурињо повеќе ги преферира Гери Кејхил и Џон Тери за стопери него Бразилецот.

На португалскиот стратег да ги изоставува фудбалери му стана практика, а најсвеж случај е капитенот на Реал Мадрид, Икер Касилјас, кој беше во сенка на Диего Лопез.

Шпанскиот репрезентативен голман не покажа послушност кон Мурињо, а за тоа Касилјас плати со неиграње цели шест месеци во Реал додека „специјалниот“ беше на клупата.

 

Мх.П.