16 години „Кадмо“ ја испишува успешната приказна на брегот на Охридското Езеро во самиот центар на градот. Познатиот угостителски бренд денес организира роденденска забава со попуст на целото мени од 50% и забава во вечерните часови со бендот „Урбан Планет“.
Успешната приказна на „Кадмо“, започна во 2006 година кога беше отворен барот „Кадмо“ во центарот на Охрид, кој низ годините стана синоним за квалитетна понуда и добра забава, која ќе ја има во изобилие и во предновогодишните денови.
Новата 2023 да ни биде поубава и посреќна. Имајте добро здравје и уживајте во убавите моменти од животот. Ние сме тука за вас, да ви ги збогатиме уште повеќе. Среќни празници! – им посакува на охриѓани роденденски расположениот тим на „Кадмо“.
Постоењето низ години е доказ за успешноста, а довербата од гостите и бројните посетители е мотив плус за понатаму.
OhridNews