Кога веќе ги изгубија сите шанси за одбрана на титулата и обезбедување на едно од четирите места кои водат во ЛШ фудбалерите на Манчестер Јунајтед се разбудија и го декласираа Њукасл пред своите гледачи победувајќи го 4-0.

Два од четири погодоци постигна Хуан Мата, а истиот фудбалер асистираше за голот на Аднан Јанузај додека во листата на стрелци се запиша и Чичарито.

Резултати : Њукасл – Мен Ју 0-4, Мен Сити – С`тон 4-1, Астон Вила – Фулам 1-2, Кардиф – Кристал Палас 0-3, Хул – Свонси 1-0, Норвич – ВБА 1-0, Челси – Стоук.

Табела : Ливерпул 71, Мен Сити 70, Челси 69, Арсенал 64…

Мх.П.