Се поизвесно е дека Цекс Фабрегас ќе се пресели во тимот на Челси, а каталонците со ангажирањето на Иван Раќитиќ експресно реагираа и го пополнија местото во тимот.

Хрватскиот интернационалец во редовите на Барселона од Севиља ќе се пресели за 20 милиони евра, а „блауграната“ ја доби битката со Реал и Атлетико Мадрид за потписот.

Барселона за трансферот на Фабрегас кој ќе се комплетира деновиве треба да инкасира 33 милиони евра.

Мх.П.