Пред почетокот на натпреварот меѓу Барселона и Реал Бетис навивачите на Ноу Камп испратија порака „Не ја чепкајте Ла Масија“ алудирајќи на казната од ФИФА која ja заработија католонците поради нелегални договори со малолетни фудбалери.

Барселона од дисциплинската комисија на ФИФА доби забрана за трансфери од времетраење од 14 месеци што опфаќа два летни преодни рокови.

Каталонците веднаш испратија жалба до ФИФА, а таа треба да се разгледа и дополнително да се потврди казната на Барселона.

Мх.П.