Фудбалерите на Барселона прокнижија нови три бодови на гостувањето кај Гранада победувајќи со 3-1 во 25-та рунда од Примера дивизион.


Со головите на Иван Ракитиќ и Луис Суарез каталонците поведоа со 2-0. Домаќините се вратија во игра откако намалија на 2-1, но Лионел Меси ги разреши сите дилеми околу победникот.


Со овој триумф Барселона дојде на бод од Реал Мадрид, кој мечот од 25-та рунда го игра на Сантијаго Бернабеу против Вилјареал.

Мх.П.