Катамараните подготвено ги чекаат гостите. Наредени покрај кејот на езерото, стрпливо ги чекаат туристите кои ќе изразат желба да се повозат по езерото.
Од година во година бројот на катамарани во Охридското езеро е се поголем и полека ги заменуваат старите охридски кајчиња. Особено атрактивни се при свадбените церемонии, за превезување на младите и нивните гости, но не ретко самата венчавка се случува на ова превозно средство.
Сопствениците на катамараните велат дека вообичаено гостите највеќе сакаат да се повозат кон населбата Канео, Лабино или до некогашната Титова вила. Има и такви кои вршат резервации за прошетка до Свети Наум.
Сепак, не е мал бројот и на туристи кои се одлучуваат да се повозат со кајчиња и бродови кои години наназад први ги дочекуваа гостите на крајбрежјето и им овозможуваа да уживаат во убавините на градот од вода.
OhridNews















