Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Сречко Катанец е најголем кандидат според навивачите за превземање на селекторската функција на Словенија.

Со Катанец на клупата “змајчеките“ ги имаа најдобрите резултати и обезбедија учество на две големи натпреварувања. Прво се пласираа на завршницата на Европското првенство во Холандија и Белгија 2000-та година. Pотоа две години подоцна ги одведе на мундијалот во Јужна Кореја и Јапонија.

Квалификациите за Светското првенство во Бразил, сега веќе екс селекторот Славиша Стојановиќ ги започна неочекувано со три порази и една победа.

Сречко Катанец и со селекцијата на Македонија имаше најдобар пласман на рејтинг листата но не успеа да го повтори подвигот со Словенија и замина од “црвено жолтата“ клупа.

Мх.П.