Португалецот Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед и Аргентинецот Лионел Меси од Барселона добија по пет поени од македонскиот селектор и од капитенот, во гласањето за фудбалер на годината што го организира ФИФА.
Селекторот Сречко Катанец, покрај Роналдo, поени како второ и третопласирани им додели на Меси и на Бразилецот 
На списокот со тројцата најдобри за годинава, според капитенот на нашата репрезентација Гоце Седлоски, покрај Меси се наоѓаат Роналдо (Манчестер ј.) и Шпанецот Фернандо Торес од Ливерпул.
Второпласираните во гласањето добиваат по три, а третопласираните по еден поен.
Свеченото прогласување на најдобриот фудбалер за 2008 година ФИФА ќе го одржи на 12 јануари, во Цирих.










