Светското првенство кое во 2022 година треба да се одржи во Катар, по се изгледа ќе прерасне во голема афера во која се вмешани Мишел Платини претседателот на УЕФА и поранешниот француски претседател Николас Саркози.


Влијателниот магазин „Франс фудбал“, објави материјал на 20 страници, според кој првиот човек на УЕФА, Мишел Платини примил поткуп за својот глас да му го даде на Катар. Според „Франс фудбал“, премиерот на Катар, во Париз, имал средба со Саркози и Платини, на кој било договорено Катарците да го превземат финансирањето на најпопуларниот француски клуб Пари Сен Жермен, а и да потрошат голема сума на пари за телевизиските права на француското фудбалско првенство – Ле шампионат.


На гласањето Платини гласал, организацијата на Мундијалот во 2022 година да ја добие Катар, покрај неговиот оваа земја добила уште 13 од вкупните 22 гласови. Платини за „Франс фудбал“ потврдил дека имал средба со катарскиот премиер, но негира дека било побарано од него својот глас да му го даде на Катар.

„Бев повикан во кабинетот на претседателот Саркози, каде имавме средба со премиерот на Катар, но во ниту еден момент од мене не беше побарано својот глас да го дадам за Катар. Јас гласав за Катар бидејќи сметав дека светското првенство треба да се одржи во тој дел од светот“, рекол Платини.

“Макфакс“