Денеска во протоколарна средба, градоначалникот Никола Бакрачески, го прими вршителот на должноста амбасодор на Катар во Македонија, неговата екселенција Мохамед Рашид Х. Субах.

Во рамки на едночасовната средба, од страна на амбасадорот Мохамед Рашид Субах, градоначалникот Бакрачески беше запознаен за сериозните намери на катарските инвеститори за доаѓање на охридското крајбрежје, каде би инвестирале во областа на хотелиерството и здравствениот туризам.

Амбасадорот Мохамед Рашид Субах, имаше можност и да го разгледа охридското крајбрежје, при што од страна на стручните служби при локалната самоуправа му биле посочени соодветни локации за инвестиции.

На средбата, градоначалникот Бакрачески истакна подготвеност на локалната самоуправа да им излезе во пресрет на потенцијалните катарски инвеститори со целосна логистичка и законска поддршка на нивните проекти.

OhridNews