Претставници на градежната компанијата „Рамко“ од Катар денес ги разгледуваа погодните локации за изградба на хотелски капацитети во Охрид.

На средбата со претставниците на Охридската локална самоуправа катарските гости биле информирани и за проектот за изградба на Скијачки центар на планината Галичица.

Инаку, компанијата „Рамко“ е една од водечките компании во Катар, односно холдинг кој има 32 компании во земјата и во странство со промет од над 800 милиони долари. Компанијата  особено е заинтересирана  за инвестирање во хотели со пет ѕвезди.

OhridNews