Силвио Берлускони е подготвен, на семејството Ал Тани од Катар, да му
продаде 30 отсто од сопственоста на фудбалскиот клуб Милан, пишува
„Gazzetta dello sport“.

Сопственикот на Милан се обидува да продаде 30 отсто од клубот по цена
од 250 милиони евра, со цел да пронајде ’свежи’ пари како би го спречил
заминувањето на најдобрите фудбалери. Летово Милан го напуштија Златан
Ибрахимовиќ и Тијаго Силва.

Најголемиот ривал на Милан, Интер, исто така бара нови средства,
претседателот на овој клуб, Масимо Морати, се наоѓа во преговори со
кинеската компанија „China Railway Construction Corp“