Катастрофолната грешка на романскиот голман Гоикочеа ја чинеше Рома пораз од Каљари на домашен терен 4-2.


Чуварот на мрежата на “волчицата“ при резултат 1-1, си постигна несекојдневен авто гол, кој долго време ќе се врти на најсмешните шпици. Избраниците на Зденек Земан неможеа да се вратат психолошки по примениот погодок и претрпеа убедлив пораз од Каљари.

Погодоците за победничкиот состав ги постигнаа Писано, Сеу, Наинголан додека за Рома прецизни беа Франческо Тоти и Маркињо.

Мх.П.