Просторот позади катедралната црква „Света Софија„, во делот околу летната сцена која се користи за изведување на претстави во рамки на манифестацијата „Охридско лето„, деновиве интензивно се расчистува, а потоа и хортикултурно ќе се уреди.

– Просторот беше обраснат со бршлен и грмушки. Се расчистуваа суви гранки и оштетени дрвја. По оваа фаза ќе следи партерно и хортикултурно уредување, со поставување на клупи, корпи за отпадоци и осветлување. Со тоа, оваа локација  покрај која секојдневно минуваат голем број гости, ќе  добие изглед каков што и заслужува со комплетно осмислено хортикултурно решение, информираат од ЈП „Охридски комуналец“. 

OhridNews