Крајниот рок за поднесување барање за категоризација на објектите за угостителска дејност е 1 март 2007 г. соопшти одделението за туризам при локалната самоуправа.

Оттаму соопштуваат дека граѓаните кои издаваат соби, апартмани, станови или куќи на туристи,  се обврзани да поднесат барање за категоризацција.

Се проценува дека во Охрид, во приватното сместување, има над 20.000 лежаи, но до минатата година едвај 1800 беа категоризирани. Категоризацијата на приватното сместување се смета за една од клучните обврски на општината во развојот на туризмот. Со неа ќе се одбегнат непријатните сцени на “бркање“ на туристите на автобуската станица и ќе се воведе ред во приватното сместување. Иако пред се  е во прилог на станоиздавачите тие покажуваат многу мал интерес за категоризацијата на приватното сместување.