
Од овој број 229 се апартмани, од кои 85 од прва, 92 од втора, 41 од трета и 11 од четврта категорија. Категоризирани се и 2933 соби од кои 1110 се во категоријата комфорт и 1823 во категоријата стандард. Во овој процес опфатени се и 192 стана и две куќи, со над вкупно 8500 легла. Со категоризацијата опфатени се и Љубаништа, Трпејца, Пештани, Елшани, Елешец, Лагадин, Коњско и Рача.
Процесот континуирано продожува, а интересот на станоиздавачите за категоризирање е зголемен, за што сведочат новите 100 барања кои во моментов се разгледуваат, информираат од локалната самоуправа.











