Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја напушти комисиската расправа за извештајот на работата на СЈО и рече дека не се враќа повеќе на расправата. Како што рече, ова што и го прават пратениците е класичен мобинг. Таа рече дека ќе се појави само на Пленарна седница во Собранието на која ќе се разгледува извештајот за работата на Обвинителството.

Ова е четврти ден како таа им одговара на пратениците во Комисијата за политички систем.

OhridNews