Собранието во понеделник  ја закажа седницата на којашто ќе се разгледува вториот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство, што се очекува да го презентира специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. На седницата е закажано да се разгледува и годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства за 2015 година, Обвинителството под раководство на Марко Зврлевски.

Јанева најави дека е подготвена да го презентира извештајот пред пратениците, за разлика од првиот извештај кој само го достави до Собранието и до Советот на јавни обвинители.

Советот на јавни обвинители засега нема закажано седница на којашто ќе го разгледува извештајот. Јанева го презентираше извештајот во четвртокот кога поднесе и две обвиненија. И во овој извештај, како и во претходниот, забележа на опструкициите од страна на институциите и на прес – конференцијата апелираше Собранието да ги донесе што побрзо измените на Законот за заштитени сведоци.

OhridNews
извор Макфакс