Католичките верници денес го слават Божик, раѓањето на Исус Христос. Според преданијата, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеемската пештера, па тој датум, со разликите во календарите, се почитува во целиот христијански свет. Бадник е еден од најголемите празници за христијаните.

Традиционално, денес, Папата Франциско им се обрати на илјадниците верници за време на Божикната миса во базиликата Свети Петар во Ватикан и им порача на верниците на дека Бог ги сака сите, дури и најлошите луѓе.
„Можеби имате погрешни идеи, можеби сте направиле целосен хаос, но Господ сепак ве сака“, рече папата Франциско. Во исто време, тој ги повика верниците да престанат да се обидуваат да ги менуваат другите.

Божик денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.

OhridNews