
Католичците денеска го слават раѓањето Христово – Божик. По тој повод насекаде низ светот се одржуваат полноќни миси во слава на Спасителот.
Католички Божик се слави и во Македонија. По повод големиот празник честитка до верниците од католичка вероисповед упати бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов:
-На Божик најголемата вредност е кога Бог е присутен во човекот. Затоа вам драги верници, но и на вас почитувани со добра волја Ви посакувам неизбежна средба со Исус Христос кој токму на овој Божик за вас има утешна порака и охрабрување: Не бој се јас сум со тебе, јас сум за тебе засекогаш да останеш човек и од внатре бидеш збогатен со вредностите на духот и со вечната порака твојот живот да ја следи мојата љубов и мојот благослов.
Љубов, мир и милосрдие со сите вас кои го славите и кои ја почитувате желбата и овој Божик да станеме подобри луѓе и подобри христијани. Мир со вас – Честит празник Рождество Христово! Христос се роди!, се вели во божикната честитка на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов
По повод Божик празнична миса се одржа и во катедралната црква во Охрид.









