Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, “тешка кражба“ и  три кривични дела “тешка кражба во обид“.

Во периодот од 26 минатиот месец до 10-ти овој месец на подрачјето на Охрид, во четири стана, пријавениот, со употреба на подесен алат влегувал внатре и од еден од становите одзел 24.000 денари, 300 евра и златен привезок.

OhridNews