СВР Охрид поднесе посебен извештај против 62- годишно лице од Кавадарци, за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Во април 2011 година, во Охрид во индустриската зона „Отекс“, пријавениот без да поседува одобрение за градење извршил доградба на индивидуална станбена зграда. Во октомври до Секторот за урбанизам и заштита на животната средина-Охрид поднел барање за легализација на доградбата, приложувајќи изјава заверана на нотар, во која лажно навел дека спорниот објект е изграден пред стапување во сила на Законот за постапување со бесправно изградените објекти во март 2011 година.

OhridNews