Поради основано сомнение дека се сторители на eедно кривично дело „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата С.Ф. роден 1981 година и М.Ф. роден 1986 година, двајцата од Кавадарци.На истиот начин, по два дена, двајцата пријавени успеале да влезат и во магацин во село Лескоец, од каде одзеле повеке парчиња градежен алат, кабли, потопни пумпи, винкли и друга градежна опрема со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 59.000 денари.
По преземените мерки за пронаоѓање и приведување на лицата, СВР Охрид пронајде поголем дел од бесправно одземените предмети кои во понатамошната постапка им се вратени на сопствениците.
извор: СВР Охрид












