шампион Пари Сен Жермен (ПСЖ). Уругваецот во екипата од Париз пристигна
од Наполи, а неговиот трансфер изнесува 63 милиони евра. Кавани во ПСЖ
годишно ќе заработува 10 милиони евра.
Францускиот првак во трката по Кавани ги победи Челзи, Реал Мадрид и Манчестер Сити. Единсон Кавани со трансферот во ПСЖ стана петтиот најскап играч во историјата на фудбалот.
Првото место го држи Кристијано Роналдо, кој од Манчестер Јунајтед во
Реал мина за сума од 94 милиони евра, потоа следуваат трансферите на
Зинедин Зидан (од Јувентус во Реал за 75 милиони), Златан Ибрахимовиќ
(од Интер во Барселона за 69 милиони) и Кака (од Милан во Реал за 68
милиони).
„Доаѓањето на Кавани ја покажа способноста на клубот да ги привлече
најдобрите светски фудбалери. Кавани е задоволен од нашиот проект и е
подготвен за нови предизвици“, изјави Насер Ал-Келаифи, претседателот на
ПСЖ.
Инаку, доаѓањето на Кавани во ПСЖ најверојатно значи крај на престојот
на Златан Ибрахимовиќ во клубот, кој порача дека не сака да игра со
Уругваецот.