Напаѓачот на Наполи, Едисон Кавани, е најефикасниот играч италијанскиот фудбал, во 2012 година. Уругваецот, во сите натпреварувања, во годината која изминува постигнал 43 погодоци.

Кавани, во Серија А постигнал 27 погодоци, седум пати бил стрелец во
Лига Европа, а по еден гол шпостигнал во Лигата на шампиони,
италијанскиот Суперкуп и националниот тим.

Зад Кавани на листата најдобри голгетери се најдоа Антонио Ди Натале,
кој во 2012 постигнал 30 погодоци и Диего Милито кој постигнал 29
погодоци.

“Макфакс“