Уругвајскиот репрезентативец, Единсон Кавани, се наоѓа на чекор до потпишување на договор со францускиот првак Пари Сен Жермен.


Богатите сопственици на ПСЖ се подготвени на Наполи да му ја платата бараната сума, која изнесува 63 милиони евра.

Италијанските медиуми, која ја објавија веста дека Кавани следната
сезона ќе игра во ПСЖ, пишуваат дека Наполи веќе започнал да бара замена
за Кавани.

Според нив, раководството на Наполи ќе се обиде да го ангажира Стеван Јоветиќ или Един Џеко.

Јоветиќ е играч на Фиорентина и е еден од најбараните фудбалери во
преодниот рок, но ’виолетовите’ немаат намера да го пуштат да си оди за
сума помала од 30 милиони евра.

Од друга страна, Џеко е нешто поевтин од Јоветиќ, според проценките
напаѓачот на Манчестер Сити би можел да си замине за сума од околу 20
милиони евра.

“Макфакс“