Освојувачот на трофејот во Лигата на Европа, Челси го претрпе првиот пораз во подготвителниот период откако изгуби со минимални 1-0 во средбата со јапонскиот состав Кавасаки.

Фудбалерите на Кавасаки погодокот за победа го постигнаа во 86-та минута од натпреварот, а претходно имаа неколку изгледни прилики кои не ги реализираа. „Сините“ во првото полувреме играа далеку подобро и не случајно изгубија.

Шанса за поправен, англискиот премиерлигаш ќе има против Барселона која исто така е на турнеја во Азија.

OhridNews