Во изминатиот период,  се реализираше проектот „Безбедни училишта – Хармонична средина“, со подршка на Мисијата на ОБСЕ, Советите за локална превенција и СВР – Охрид, а во истиот беа вклучени средните училишта од општина Охрид и Основното училиште „Григор Прличев“.

Како што велат од општина Охрид, во правец на понатамошна одржливост на проектот за безбедни училишта, локалната самоуправа продолжува да ги поддржува активностите за намалување на насилството помеѓу младите.

OhridNews