Виш инспектор за општ криминалитет во Полициската станица во Струга, „заработи“ парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец, бидејќи не се јавил на мобилен телефон и не презел мерки и активности за вршење на увид на местото на настан при извршено кривично дело насилство.
По спроведена дисциплинска постапка, поради сторени повреди во работењето, донесени се решенија и за уште 14 вработени во министерството за внатрешни работи.
На 13 од нив им е изречена мерка парична казна, а на двајца вработени им е изречена мерка „предупредување“.












