Осум санкционирани пешаци вчера во Охрид за непрописно преминување улица.

На 10.02.2022 година од 10 до 14 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид затекнале и санкционирале 13 пешаци кои, преминувале коловоз надвор од обележан пешачки премин од нив во Охрид 8, Струга 4 и во Дебар 1, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во Струга, затекнати и санкционирани се 7 возачи на моторни возила кои, извршиле непрописно престигнување.

OhridNews