Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 24 решенија против 24 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето. На 20 вработени им е изречена мерка “парична казна“ на двајца вработени мерка – “писмено предупредување“, на двајца вработени  изречена им е мерка – “запирање на постапката”.

Меѓу нив се и тројца полицајци од Струга на кои им е изречена мерка „парична казна“.

Двајца од нив се казнети затоа што биле под дејство на алкохол во работно време, а третиот поради тоа што не презел потребни мерки.

OhridNews