На 07.03.2023 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале 33 пешаци кои небезбедно и надвор од обележан пешачки премин преминале коловоз. Од нив седум во Охрид, дваесет и еден во Струга и пет во Кичево. Во Охрид, полициските службеници евидентирале и 10 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење и тоа пет во населено место и пет надвор од населено место, велат од МВР.

Додаваат дека против нив се поднесени соодветни платни налози.

OhridNews