Во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 23 возачи кои со своите моторни возила извршиле престигнување на непрегледни и места каде со соодветен сообраќаен знак тоа е забрането. Од нив 6 во Охрид, 6 во Струга, 9 во Кичево и 2 во Дебар, велат од СВР Охрид.

OhridNews