Вкупно 162 доктори од земјава, три или повеќе пати месечно, задоцниле подолго од еден час на првиот закажан преглед во денот, покажала анализата на податоците од системот „МојТермин“.
Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска рече дека директорите на болниците треба да поведат прекршочни постапки за дисциплинска неуредност за секој од докторите.
Исто така, казни во висина од околу 100 евра се предвидени и за директорите на јавните здравстевни установи кои ќе дозволат или продолжат да го толерираат ваквото однесување на докторите.
OhridNews