На водич на безбедносен реон во охридската полициска станица изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци, затоа што при расклопување и склопување на службен пиштол, испукал еден куршум и се самоповредил. Додека пак, на полицаец-велосипедист во Полициската станица- Охрид, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци, затоа што одбил да изврши наредба.
Вработените во охридската полициска станица се само дел од неколкумината вработени во министерството за внатрешни работи против кои во текот на изминатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се над 20 решенија поради сторени повреди во работењето.
На дел од нив изречена им е мерка писмено предупредување, на останатите мерка парична казна.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com