Лидерите на 11 партии и коалиции кои ќе учествуваат на предвремените избори што ќе се одржат на 11 декември, денеска го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

-Со потпишувањето на кодексот заедно се обврзуваме дека ќе придонесеме за спроведување на фер и демократски избори според највисоките меѓународни стандарди“, рече Александар Чичаковски претседател на ДИК.

Потписниците со кодексот се обврзаа дека нема да вршат притисок или обид за притисок врз државната и јавната администрација и ќе ги почитуваат правилата на фер однесување за време на изборната кампања.

Сепак дел од потписниците, особено од помалите политички партии изразија скептицизам дека кодексот ќе се почитува, а други отворено се сомневаат дека претстојните избори ќе бидат фер и демократски.

OhridNews