
На свеченоста најавено ее присуство на амбасадорката на Австрија во Република Македонија Ренате Коблер и на претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер, на претставници на локалната самоуправа и други официјални лица и гости.
На свеченоста ќе има краток историски осврт за поставувањето на првата електрична светилка во Охрид од страна на Австриската војска.
– Во Историскиот архив во Охрид, барајќи стари фотографии за пригодна изложба по повод 8-ми Декември (Св. Климент, Патрон на градот), наидов на податок дека пред точно 100 години, 1916 година на градското пристаниште е подигнат првиот електричен фенер во Охрид, од страна на Австриската војска за што постои и фотографија. Тоа го инспирираше Лајонс клубот Лихнидос кој покрена иницијатива на истото место да се подигне фенер и адекватно да се означи со пригодна плоча на македонски и германски јазик. – вели проф. д-р Зоран Тунтев, член на ЛК Лихнидос.
Воедно на 6-ти април ЛК Лихнидос ќе го одбележи осмиот роденден со хуманитарен настан за поддршка на Здружението на слепи лица од Охрид.
OhridNews











