Од локалната самоуправа информират дека општина Охрид има започнато преговори за исплата на средства во висина од 3.156.710 денари, пари кои ќе треба да им се исплатат на 62 лица кои биле ангажирани во образовни установи во периодот пред Локалните избори 2013 година.
Од локалната објаснуваат дека станува збор за лица кои биле ангажирани од страна на минатата локална власт, а на кои не им се исплатени хонорари и плати, а извршувале работни задачи.
– Доаѓале на работа, чесно работеле, но биле изманипулирани од бившата градска власт и не им се платени пари за сработеното. Изживувањето и поигрувањето со трудот на чесните работници од страна на СДСМ и минатото градско раководство ќе се обиде да го компензира сегашната Локална самоуправа. За излажаните и изборно манипулирани членови на СДСМ од минатите локални избори, локалната се погрижи да го добијат она што чесно го сработиле – се наведува во соопштението од локалната самоуправа.
Од локалната потенцираат дека почнати се директни преговори со секој од лицата, со цел да се потпишат договори за исплата на средствата на рати.
OhridNews