Во декември 2012 година платите во јавната администрација ќе се зголемат за пет отсто, следниот декември за уште толку, а во декември 2014 за уште 10 отсто или вкупно за нешто повеќе од 20 проценти. Ова го најави  вчера премиерот Никола Груевски.

– Се работи за наше изборно ветување што го има и во нашата Програма, и партиска и владина, а тоа е дека ние во точно одредени рокови ќе направиме зголемување на платите во јавната администрација. Тоа е наше изборно ветување заради кое меѓу останатото граѓаните ни дадоа најголема доверба. Наше е да потврдам дека и покрај сите проблеми со коишто се соочуваме, ние ќе настојуваме, се разбира, ако драстично не се влошат состојбите во меѓувреме, а се надевам дека тоа нема тоа да се случи, рече Груевски.

Паралелно со тоа, посочи дека е предвиден пораст и на пензиите по исти односно поголеми стапки, пет отсто и двапати по 7,5 отсто во наредните две години, како и на социјалната помош.

– Засега и покрај сериозните проблеми што се во Европа со европската еврокриза се трудиме да не се откажеме или да не ги пролонгираме. Оставам мала резерва во текот на годината што ќе се случува во Европа, дали тоа што ќе се случува ќе оди во лоша насока и ќе се рефлектира кај нас па ќе мора да одложиме, затоа ние дадовме можност, а дефинитивната одлука ќе ја донесеме во втората половина на оваа година, рече Груевски.

OhridNews